Манчестер Јунајтед станува прва опција за напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокереш, наведуваат медиумите во Англија.
Иако Швеѓанецот првично се поврзуваше со трансфер во Арсенал, сега работите може драстично да се променат.
Имено, „топчиите“ се повеќе притискаат за Бенџамин Шешко додека Јунајтед не се откажува од варијантата да испрати понуда за напаѓачот на португалскиот состав.

