Фудбалерот на Јувентус, Мануел Локатели, го коментираше тешкиот пораз од Манчестер Сити со 5:2.
„Бјанконерите“ завршија втори во Групата „Г“ на Светското клупско првенство и во наредната рунда ќе играат со Реал Мадрид.
„Мислам дека одигравме слаб натпревар и направивме многу грешки. Сега мора да се опоравиме и да се фокусираме на мечот што доаѓа“ – рече Локатели.

