Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе играат во Групата „Б“ во новата сезона во Лигата на шампионите.
Противници на Битолачи ќе им бидат: Висла (Полска), Барселона (Шпанија) ПСЖ (Франција), ГОГ (Данска), Магдебург (Германија), Пик Сегед (Унгарија) и Загреб (Хрватска).
По денешната ждрепка во Групата „А“ влегоа: Алборг (Данска), Фуксе Берлин (Германија), Веспрем (Унгарија), Кијелце (Полска), Нант (Франција), Динамо Букурешт (Романија), Спортинг (Португалија) и Колштад (Норвешка).

