Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски не ја помина последната пречка пред финалето на ИТФ фјучрсот во Загреб. Македонскиот тенисер загуби од Мирза Башиќ со 2:0 во полуфиналната средба.
Дуелот во Загреб понуди огромна борба и по израмнетиот почеток Босанецот направи прв брејк во петтиот гем и го доби првиот сет со 6:4.
Вториот сет беше доста поизрамнет и неизвесен. Македонскиот тенисер играше подобро, но Башиќ со идентичен резултат го доби и вториот сет 6:4 и дојде до победа од 2:0 во сетови.
Ова беше доста добар настап на Калин Ивановски на турниропт во Загреб што покажува дека полека се враќа во својата добра форма што ја имаше пред повредата.

