Тренерот на Баерн (M), Винсент Компани, по осминафиналниот натпревар од Светското клупско првенство со Фламенго кој неговиот тим го доби со 4:2 зборуваше со голема почит кон Лерој Сане, за кого ова беше последен за во клубот од Минхен.
„Немам ништо друго освен почит кон него. Кога делиш соблекувална со некого, има нешто посебно во тоа. Победивме заедно во Манчестер Сити и продолживме да победуваме тука. Мојот однос со него секогаш ќе биде добар. Му посакувам се најдобро“, рече Компани.
За мечот со Фламенго и оној следниот со ПСЖ во четвртфиналето додаде:
„Мислам дека беше одличен натпревар за навивачите. Среќни сме што одиме во следната рунда. Ќе видиме што ни треба за следниот натпревар. Сега најважно е да се одмориме. Треба да ја вратиме енергијата. Два врвни тима ќе играат еден против друг на голема сцена. Ќе бидеме подготвени за тоа“, рече Компани.

