Тоа што сагата за Брајан Мбемо се одолговлекува е типично за трансфер пазарот, а особено за Манчестер Јунајтед. Трансферот на Мбемо во Јунајтед изгледаше како завршена работа веќе неколку недели, а речиси еден месец се зборуваше за разлика од 5-10 милиони евра меѓу Манчестер Јунајтед и Брентфорд.
Според Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, Јунајтед оваа недела доставил втора понуда за Мбемо вредна 65 милиони евра со фиксни бонуси од 9 милиони евра. Брентфорд ја одбил, сакајќи повеќе.
Сем Табуто од „Стандард“, специјалист за Брентфорд, објави дека договор ќе биде постигнат наскоро, со тоа што дел од бонусите Манчестер Ј. ќе ги стави во главнината на понудата.

