Наполи понуди 28 милиони евра за фудбалерот на Болоња, Сам Бекема. Инсајдерот Џанлука Ди Марцио известува дека „наполитанците“ се надеваат дека ќе ја засилат својата одбрана во овој период, па затоа и го насочиле вниманието кон 26-годишниот Холанѓанец.
Се вели дека Болоња неодамна ги намалила своите барања и е подготвена да се раздели со дефанзивецот за 30 милиони евра. Наполи понудил 28 милиони, но Болоња останува на првично побараната сума.
Бекема одигра 35 натпревари во Серија А минатата сезона и имаше една асистенција.

