Дејан Манасков ја продолжи соработката со ракометниот состав Еурофарм Пелистер, потврди денеска битолскиот состав.
„Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер. Шампионот на Македонија и левото крило постигнаа договор за продолжување на соработката за уште една сезона и Манасков и во сезоната 2025/26 ќе го носи зелено-белиот дрес. Ни причинува задоволство што уште еден победник и ракометар со големо акумулирано искуство ќе настапува за Еурофарм Пелистер во домашните натпреварувања и Лигата на шампионите“, велат од Еурофарм Пелистер.
Манасков претходно играше во Борец, Металург, Вецлар, Вардар, Рајн-Некар Левен и Веспрем.

