Наполи во наредните денови треба да го потврди трансферот на крилниот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Ноа Ланг.
Фудбалерот ја прифати понудата на италијанскиот шампион и ќе потпише за наредните 5 години со плата од 2,5 милиони евра по сезона. 26-годишниот холандски репрезентативец во претходната сезона одигра 44 натпревари и постигна 14 голови.
Италијанците за неговиот потпис ќе платат околу 30 милиони евра вклучително со бонуси.

