Фудбалерот, Чиро Имобиле, некогашниот напаѓач на Лацио, Борусија Дортмунд, Севилја, Торино, Јувентус и Џенова, ќе се врати во Серија А и тоа во дресот на Болоња.
Тој во текот на летово ја прекина соработката со турскиот гигант Бешикташ. Ветеранот треба да потпише едногодишна соработка со освојувачот на Купот на Италија
Ќе потсетиме дека Болоња претходно го обезбеди и Федерико Бернардески.

