По трагичната вест за смртта на Диого Жота и неговиот брат, исто така фудбалер, Андре, во сообраќајна несреќа, се огласи клубот во кој настапуваше Португалецот.
„Фудбалскиот клуб Ливерпул е скршен од веста за трагичната смрт на Диого Жота. Клубот е информиран за трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа нашиот играч и неговиот брат Андре. Ливерпул нема да дава понатамошни коментари во овој момент, само бараме приватност за семејството, пријателите и соиграчите на Диого, како и за членовите на клубот и почит кон сите оние кои се обидуваат да се помират со оваа ужасна вест и ужасна загуба. Продолжуваме да ја даваме нашата целосна поддршка на семејството на Диого“ – соопшти Ливерпул.

