Центарот на градот Гондомар стана место на тишина, сеќавање и тага – Диого Жота и неговиот брат Андре Силва беа погребани во црквата Матриз. Во срцето на трогателниот настан беа бројни великани на португалскиот фудбал, кои се собраа да им оддадат последна почит на талентираните играчи.
Меѓу присутните беа селекторот на репрезентацијата Роберто Мартинез, легенди како Абел Ксавиер и Елдер Постига, како и Рикардо Карваљо, Данило Переира, Бруно Фернандес, Жоао Феликс, Фабињо, Тиаго Алкантара, Хозе Фонте, Адриен Силва и Бернар. Присутен беше и претседателот на Португалскиот олимписки комитет, Фернандо Гомеш, кој дополнително го покажа влијанието што Жота и неговиот брат го имаа врз спортот.
Особено емотивен момент беше кога Рубен Невеш, еден од најблиските пријатели на Жота, учествуваше во носењето на ковчегот – симбол на длабоката лична загуба што ја споделија семејството и блиските пријатели.
Ливерпул, исто така беше со претставници од генералниот менаџер на клубот Били Хоган, сопственикот Мајкл Едвардс, спортскиот директор Ричард Хјуз, како и играчите Келехер, Милнер, ван Дајк, Кертис Џонс, Хендерсон, Енди Робертсон и Дарвин Њуњез, покажувајќи колку Жота значеше за клубот и за целата фудбалска заедница.

