Поранешниот играч на Парма, Анже-Жоан Бони, се пресели во Интер.
Младиот 21-годишен француски напаѓач потпиша петгодишен договор со „нероаѕурите“, до летото 2030 година.
Клубовите официјално не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите во последните денови објавија дека Интер ќе ѝ плати на Парма 23 милиони евра отштета, плус уште три милиони во бонуси.
Бони ја започна својата професионална кариера како тинејџер во францускиот Шатору, а игра за Парма од 2021 година.

