Шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди и официјално е играч на Арсенал.
Фудбалерот кој е производ на академијата на Реал Сосиедад има импресивни 236 настапи за првиот тим во сите натпреварувања, кулминирајќи со триумф во Купот на Кралот во април 2021 година, кога Реал Сосиедад го победи градскиот ривал Атлетик Билбао.
Во сезоната 2022/2023, играчот од средниот ред беше непоколеблив стартер, помагајќи му на својот тим да го освои четвртото место во Ла Лига – највисокото достигнување на Сосиедад во последните години, кое му обезбеди учество во Лигата на шампионите за прв пат по една деценија.

