Порто официјално потврди дека италијанскиот стручњак Франческо Фариоли е нов тренер на клубот и ќе го преземе истиот на почетокот на сезоната 2025/26.
„Франческо Фариоли е новиот тренер на ФК Порто“, потврдија од клубот.
Фариоли се приклучува на Порто по една година на чело на Ајакс во Холандија, каде што започна ветувачки, но загуби девет бода предност на врвот на табелата пет натпревари до крајот и на крајот заврши втор зад ПСВ Ајндховен.
Откако го напушти Ајакс со заедничка согласност во мај, Фариоли сега потпиша двегодишен договор со Порто до летото 2027 година.

