Баерн потврди дека Џамал Мусијала има фрактура на фибулата. Тој се повреди за време на четвртфиналниот натпревар од Светското клупско првенство соПСЖ (0:2) во САД и беше заменет на полувремето. Прегледот од страна на клупските лекари покажа дека напаѓачот претрпел фрактура на фибулата како резултат на искривување на глуждот.
22-годишникот отпатува од Орландо до Минхен утрово и наскоро ќе биде опериран, соопштија од Баерн.
Клубот наведува дека играчот ќе биде надвор од терените подолг период, најмалку 4 месеци.

