Напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Гарсија, постигна четири гола на Светското клупско првенство и остана во трката за најдобар стрелец на турнирот.
„Ме споредуваат со Раул, легендата. Ако можам да направам барем половина од тоа што тој го направи во овој дрес, тоа ќе биде повеќе од сон“ – рече играчот на „кралевите“.
„Не чувствувам голем притисок. Тренерот, играчите, стручниот штаб – сите ми даваат самодоверба“ – рече Гарсија пред дуелот со ПСЖ на Светското клупско првенство.

