Според весникот „Л’Екип“, раководството на саудискиот клуб веќе неколку недели се обидува да го убеди напаѓачот да им се придружи во декември, кога му истекува договорот со Интер Мајами.
Интер Мајами , од своја страна, сака да го задржи Аргентинецот и по првите две години во МЛС лигата.
Клубовите од Саудиска Арабија веќе се обидоа да потпишат со играчот во летото 2023 година, кога му истече договорот со ПСЖ.
Финансиските детали од тековните преговори не се откриваат. Сепак, земјата што ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година има намера да направи сè што е можно за трансферот, забележува „Л’Екип“.

