Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, успешно е опериран по враќањето од Светското клупско првенство во САД, објави баварскиот клуб.
Како што е познато, 22-годишниот офанзивен играч од средниот ред на германскиот шампион доживеа сериозна повреда за време на четвртфиналниот натпревар против Пари Сен Жермен (0:2), кога го скрши и го измести зглобот, поради што му беше дијагностицирана фрактура на фибула. Поради оваа причина, тој беше принуден да го напушти теренот на полувремето.
Мусиала ќе ги започне своите први рехабилитациски сесии во вторник, со очекувања дека ќе му биде на располагање на својот клуб за најмалку неколку месеци, во зависност од темпото на неговото закрепнување.

