Првиот човек на шпанската фудбалска Ла Лига, Хавиер Тебас, вели дека тековниот клупски Мундијал во САД е вистинска катастрофа и тотално фијаско од страна на ФИФА.
Тој го критикуваше турнирот со потенцирање дека лошо влијае врз играчите , распоредот на натпревари во одредени лиги и воопшто во европскиот фудбал.
Згора на тоа доаѓаат и критики за посетеноста и начинот на кој ФИФА менаџира со продажбата на влезници.

