Страшното невереме што синоќа го погоди Сплит и голем дел од Далмација направи сериозни материјални штети, а настрада и стадионот „Пољуд“, објави денеска раководството на Хајдук.
Делови од покривната конструкција се изместени од силниот ветер, додека поројниот дожд што паѓаше го оштети тревникот на овој фудбалски стадион.
Во Хајдук денес биле шокирани од она што се случило, па затоа ја откажале денешната промоција на новото засилување Фран Карачиќ, настан на кој требаше да биде претставен на јавноста.

Наместо тоа, дојдените новинари имале можност да прошетаат по „Пољуд“ и самите да се уверат во оштетувата на стадионот.
„Најголемите оштетувања се на делот каде се спојуваат јужната и западната трибина, таму покривот делува најлошо. Чекаме целосно да се смири невремето за да ангажираме специјални лица со што би се утврдило и нивото на оштетувањата, но јасно е дека ситуацијата е лоша. Големи оштетувања има и на тревникот што беше неодамна променет и токму во овој период беше во осетлива фаза, а сега имаме проблем и со него. На неколку места на самиот стадион имаме прекин на електричната енергија, а поплавени се и неколку клупски простории“, објавија од Хајдук.

FOTO: index.hr

