На синоќешниот натпреварот меѓу Флуминенсе и Челзи во полуфиналето на Светското клупско првенство присуствуваа над 70 илјади гледачи. Избраниците на тренерот Енцо Мареска го победија бразилскиот клуб (2:0) во полуфиналниот натпревар кој се одигра во Ист Радерфорд, а ФИФА објави дека за мечот биле продадени точно 70.556 билети.
Рекордот на посетеност на турнирот се уште му припаѓа на натпреварот ПСЖ-Атлетико (М) (4:0), кога во Пасадена присуствуваа 80.619 гледачи.
Пред натпреварот помеѓу Флуминенсе и Челзи, беше објавено дека цените на билетите за полуфиналено ќе бидат намалени од 474 на 13 долари, но и тоа не успеа да го наполни стадионот до последно место.

