Сезоната на Реал Мадрид заврши со тежок пораз од Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско првенство. Шпанскиoте гигант беше поразен со 0:4 од победникот во Лигата на шампионите и за прв пат од 2021 година не освоија ниту еден трофеј.
Реал Мадрид немаше претрпено таков катастрофален пораз од 26 октомври минатата година, кога загубија со ист резултат од Барселона во Ла Лига.
Во текот на сезоната, Реал претрпе уште два пораза со најмалку три гола разлика – 2:5 против Барса во шпанскиот Суперкуп и 0:3 против Арсенал во Лигата на шампионите.
На сите турнири за време на сезобата, кралскиот клуб прими вкупно 84 гола и го израмни антирекорд во својата историја од сезоната 1998/99.
Овој пораз беше прв за Реал Мадрид под водство на Чаби Алонсо. Покрај тоа, тимот беше поразен по трет пат во последните 5 натпревари против ПСЖ.
FOTO: Real Madrid

