Вардар убедливо ја победи Ла Фиорита (3:0), а по натпреварот во име на играчоте говореше еден од учесниците во головите, Георгие Јанкулов.
Играчот кој го изнуди автоголот на гостите за водство од 2:0, кажа дека првиот гол на стартот на второто полувреме им ја олеснил работата.
„Ова е прв официјален меч за оваа сезона. Во првиот дел игравме под грч, не успеавме да го отвориме ривалот. Но, откако погодивме, знаевме дека по првиот гол ќе биде полесно и дека ќе славиме. Успеавме да отвориме рано во вториот дел, потоа паднаа уште два нови брзи гола. Важно е што ја сочувавме мрежата. Одиме на реваншот да си ја завршиме задачата со нова победа и да патуваме во следната рунда“, изјави Јанкулов.
Реванш натпреварот меѓу Ла Фиорита и Вардар во Сан Марино се игра на 17 јули.

