На третиот годинешен Грен Слем тениски турнир – Отвореното првенство на Англија на терените на „Вимблдон“, денеска не чека големото финале во машка конкуренција.
Во терминот од 17.00 часот ќе се сретнат Јаник Синер и Карлос Алкараз. Италијанецот е лидер на АТП листата додека Шпанецот ја има втората позиција. Во нивните последни 5 пресметки Алкараз има одличен ефект или четири победи и еден пораз.
Во претходната рунда Синер го елиминираше Србинот, Новак Ѓоковиќ додека Алакараз беше подобар од Американецот, Тејлор Фриц.

