Агентите на напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокерес, пристигнаа во Лондон за да ги финализираат деталите од договорот со Арсенал за трансфер на фудбалерот, објави новинарот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.
Според изворот, Ѓокерес е подготвен да оди на медицински прегледи. 27-годишникот ќе отпатува за Англија штом ќе бидат договорени последните детали од трансферот.
Ѓекерес игра за Спортинг од 2023 година. На 102 натпревари за тимот, напаѓачот постигна 97 гола и имаше 28 асистенции. За шведската репрезентација, напаѓачот постигна 15 гола на 26 натпревари. Според информациите пазарната вредност на играчот е 75 милиони евра.

