Серхио Марки, претседател на Меѓународната федерација на здруженија на играчи го критукуваше односнот на претседателот на ФИФА Џани Инфантино кој претходно за турнирот во САД изјави: „Заработивме повеќе од 2 милијарди долари, 31 милион долари по натпревар, ниту еден друг турнир не може да се спореди. Видовме дека клубовите беа задоволни“.
„Инфантино се однесува како човек кој мисли дека е Бог. ФИФА продолжува да го зголемува својот профит, но на сметка на играчите.
Невозможно е да се направи претстава ако не ги слушаме гласовите на главните ликови. Време е играчите навистина да станат централни фигури на играта. Турнирот се одржа во неприфатливи услови, при што натпреварите се играа по екстремно топло време, што го доведе во опасност здравјето на играчите.
Ова е сериозен проблем што не смее да се повтори на Светското првенство следната година“, рече Серхио Марки, претседател на Меѓународната федерација на здруженија на играчи.
PHOTO: lequipe.fr

