Откако Челзи го победи ПСЖ со 3:0 во финалето на Светското клупско првенство на ФИФА, играчите имаа вербална пресметка на теренот. За време на расправијата, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го турна напаѓачот на „сините“, Жоао Педро , кој го постигна третиот гол. Шпанецот со рака го удри Бразилецот во грлото, а потоа и во лицето, со што напаѓачот падна на земја.
ФИФА сè уште не донела одлука за евентуални санкции, објавува „Ле Паризиен“. Со оглед на тоа што тренерот не доби црвен картон од судијата, дисциплинската комисија на ФИФА ќе треба да одлучи дали да го разгледа случајот.
Според член 56.2(а) од Дисциплинскиот законик на ФИФА, Дисциплинската комисија „има надлежност да изрекува санкции за сериозни прекршоци кои можеби останале незабележани од судиите на натпреварот“.
Во таков случај, според член 14(i), шпанскиот тренер ќе биде суспендиран „во период од најмалку три натпревари за акт на агресија, вклучувајќи удирање со тупаница, удирање со лакт, удирање со глава, шутирање, гризење или плукање кон противник или кое било друго лице освен судијата“.
Дополнително, се наведува дека Жоао Невес , кој беше исклучен во финалето откако го повлече Марк Кукуреља за коса, можеби нема да игра во Суперкупот на УЕФА.
Според точката В од членот 69.2 од Дисциплинскиот законик на ФИФА, Португалецот може да го пропушти следниот официјален натпревар на парискиот клуб, имено натпреварот од Суперкупот на УЕФА против Тотенхем , кој ќе се одржи на 13 август.
Дисциплинскиот кодекс предвидува дека, во случај на Светското клупско првенство, „суспензијата од натпревар што не е изречена во натпреварувањето во кое е изречена (елиминација на екипата или последниот натпревар од турнирот) ќе се пренесе на следниот официјален натпревар на клубот“.

