Фудбалерот на Реал Мадрид Лукез Васкез го завршува својот престој во „кралскиот клуб“ во четврток на 17 јули.
Претходно беше објавено дека 33-годишниот дефанзивец ќе го напушти клубот како слободен агент по завршувањето на Светското клупско првенство.
Според шпанските медиуми, клубот ќе го одбележи заминувањето на играчот на 17 јули.
Лукас Васкез е во тимот на Реал Мадрид од 2007 година. Во дресот на оваа екипа, дефанзивецот одигра 398 натпревари и освои 21 трофеј, вклучувајќи 4 титули во Ла Лига и 5 трофеи во Лигата на шампионите.

