Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, може да замине во екипата на Милан, објавија дел од медиумите во Италија.
Српскиот голгетер кој има договор со „старата дама“ до летото во 2026 година, дефинитивно нема намера да го обнови. Таквиот развој на настаните сакаат да го искористат „росонерите“ кои ги имале првите контакти со неговите агенти.
Проценките велат дека составот од Торино за неговиот потпис ќе бара максимум 20 милиони евра.

