Клаудио Раниери кој на крајот на сезоната го напушти кормилото на Рома и доби нова улога во раководните гарнитури на „волчицата“, објасни зошто морал да ја одбие функцијата селектор на италијанската репрезентација.
„На таа позиција ви треба некој што има слобода да донесува одлуки и да се јавува на кого сака. Би имало премногу проблеми со менe aко играчот се користи 90 минути а потоа мора да игра за Рома наредниот викенд“ – објасни Раниери.
„Не жалам што не успеав да се квалификувам за Лигата на шампионите. Не сме подготвени да се соочиме со сите супер-сили“ – потенцираше Раниери.

