Фудбалерот на Челзи, Леви Колвил, верува дека Светското клупско првенство ќе биде посилен турнир од Лигата на шампионите. Второто издание со 32 екипи ќе биде во 2029 година.
„Ова е најголемиот трофеј што некогаш сум го освоил. Ние бевме првиот тим што го освои“ – рече 22-годишниот Колвил.
„Навистина уживав играјќи натпревари на секои четири или пет денови против различни тимови со кои никогаш не би имале можност да се сретнеме“ – рече играчот на „сините“.

