Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби во мечот од првото коло на Челинџер 125 турнирот во Сан Марино. Поуспешен од него беше третиот носител Матео Гиганте од Италија, кој победи со 2-1 во сетови (6:7(10); 6:3 и 6:3) за 2 часа и 40 минути игра.
Ивановски за победите во квалификациите и пласманот на главниот турнир ќе добие пет поени. Турнирот се игра за награден фонд од 181.250 евра.

