Реал Мадрид официјално објави дека операцијата на левото рамо на играчот од средниот ред Џуд Белингам, направена вчера во Лондон, е успешна.
Иако клубот не даде информации за тоа колку долго ќе трае закрепнувањето на англискиот интернационалец, локалните медиуми се категорични дека тоа ќе трае околу три месеци. Се очекува Белингам да не се врати на теренот до почетокот на октомври, пропуштајќи најмалку 6-7 лигашки натпревари и стартот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Вчерашната интервенција дојде откако офанзивниот играч 20 месеци страдаше од болки по исчешувањето на левото рамо, што значеше дека постојано играше со голем завој, но постојано ја одложуваше операцијата поради долгото време на закрепнување.
Така, по околу 100 натпревари по повредата здобиена на 5 ноември 2023 година, Белингам конечно го реши својот долгогодишен здравствен проблем.

