Селекторот Јошко Миленкоски ја собра репрезентацијата во Маврово каде ќе бидат одработени дел од подготовките за квалификациските пресметки со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство.
„Нема да биде нималку лесно. Грција е во фокусот. Мора да се надеваме дека и во другите групи резултатите ќе одат на наша страна. Нема да има долги подготовки но, ќе бидат интензивни како и секогаш, како и во претходниот циклус“ – вели Миленковски.
„Верувам дека добро ќе се подготвиме. Пријателски двомеч со Бугарија а потоа турнирот Чајка, кој ќе биде финална контрола. Имаме јасна цел – пласман на ЕП, тоа треба да не води и да ни биде мотив особено на првиот меч против Грција“ – потенцираше Миленковски.

