Брајан Мбемо денеска треба да ги помине медицинските тестови во базата на Манчестер Јунајтед и да потпише договор со „црвените ѓаволи“.
Трансферот ќе се реализира откако Брентфорд ја прифати понудата вредна 65 милиони фунти плус уште 6 во форма на бонуси. Крилниот напаѓач од понеделник ќе им се приклучи на соиграчите кои се на летните подготовки во САД. Ќе потсетиме дека Јунајтед претходно ги купи и Матеус Куња и Диего Леон.

