Гурутo за трансфери, Николо Скира, наведува дека челниците на Баерн Минхен се договориле со фудбалерот, Луис Дијаз, за соработка во наредните пет години со плата од 14 милиони евра по сезона без бонуси.
Затоа, германскиот шампион подготвува нова понуда за левиот бек на Ливерпул која ќе биде од 70 до 75 милиони евра со надеж дека „црвените“ ќе ја прифатат.
Во исто време Баварците имаат и резервна варијанта доколку не успеат да го добијат потписот на Колумбиецот. Станува збор за Малик Фофана од Кристал Палас.

