Во центарот на вниманието беше величествената Парада на делегациите на која продефилираа спортисти од сите 49 земји учеснички, како и ЕОК тимот на бегалци. Потоа на присутните им се обрати и Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, која официјално го прогласи фестивалот за отворен.

„Голема е честа да се биде земја домаќин на Летниот европски младински олимписки фестивал, на којшто се собраа околу 4.000 спортисти коишто ја манифестираат убавата страна на сегашноста и ја гарантираат светлата иднина на европскиот и на светскиот спорт. Тоа е можност за нашата земја да покаже дека сме добри домаќини, дека имаме спортска душа и дека сме подготвени да ги пречекаме сите со отворено срце“,истакна во своето обраќање Претседателката Силјановска Давкова.

ЕМОФ Скопје 2025 вклучува натпревари во 15 спортски дисциплини: атлетика, пливање, кошарка, баскет 3×3, ракомет, одбојка, џудо, гимнастика, велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и теквондо.

