Луѓето од Баерн Минхен ги прекинаа преговорите со Штутгарт за трансфер на младиот Ник Волтемаде иако самиот фудбалер се согласил да ја промени средината.
Имено, популарните „шваби“ не ја прифатија и втората понуда од 50 милиони евра + пет како бонуси што ги натера Баварците да тргнат во друг правец.
Германскиот гигант сега ќе се насочи кон играчот на Ливерпул, Луис Дијаз, иако и „црвените“ не се расположени да се разделат со Колумбиецот.

