Македонскиот фудбалски шампион Шкендија утре ќе го одигра првиот натпревар од второто коло од Лигата на шампионите со ФЦСБ од Романија, а УЕФА ја изврши ждрепката за третото коло.
Доколку тетовчани успеат да го минат во двомечот романскиот ривал, во следната рунда од елитното друштво ќе играат со Шелбурн (Ирска) или Карабах (Азербејџан).
Натпреварите од 3. коло на Лигата на шампионите се играат на 5/6 август и 12 август.
Доколку Шкендија биде елиминирана од ФЦСБ се сели во третото коло на второто клупско натпреварување на Стариот континент. Ждрепката посака Шкендија ако се пресели во ЛЕ, да игра со ФК Копенхаген од Данска или Дрита од Косово.
Третото квалификациско коло во Лигата на Европа ќе се игра на 7 август и 14 август.
PHOTO: FC SHKENDIJA /fb

