Челзи е заинтересиран за офанзивниот играч од средниот ред на РБ Лајпциг, Чави Симонс, тврди новинарот Флоријан Плетенберг.
„Сините“ стапиле во контакт со претставниците на играчот и започнале разговори меѓу двете страни. Лондончани сè уште не ги контактирале луѓето од РБ Лајпциг за трансфер на 22-годишниот холандски репрезентативец.
Англискиот клуб сака да види дали можат да постигнат договор со Симонс, по што ќе започнат преговори и со Лајпциг.
Арсенал исто така ја следи ситуацијата, но во оваа фаза Челзи е главна опција за офанзивниот играч од средниот ред.
Чави Симонс сака да го напушти РБ Лајпциг. Тој е дел од тимот две години, откако прво беше позајмен од ПСЖ, а минатото лето „биковите“ ги откупија неговите права. Се верува дека РБ Лајпциг ќе се согласи да го продаде својот играч за околу 60 милиони евра.

