Современиот спортски простор кој го носи името на фудбалската гордост на Велешани, Панче Ќумбев, е донација на „Mozzart“ како дел од позната хуманитарна иницијатива на компанијата насловена како „Фудбалот е повеќе од игра“.
„Пред се голема чест и задоволство но и голема одговорност и обврска да продолжам да придонесувам на свој начин за развој на спортот и спортската едукација на младите спортисти и младите велешани. Голема благодарност до “Моцарт” што вложува во спортска инфраструктура во целата Македонија“ –изјави Ќумбев.
„Нашиот Велес секогаш давал големи спортисти и големи луѓе,и секако овој гест на Моцарт за мене преставува големо признание. Се надевам дека ова ќе биде само еден почетен бран на инвестиции од овој карактер,затоа што Велес има спортски легенди кои што исто така заслужуваат некој од идните терени да го носат нивното име. Пред се овде мислам на Пепи Манасков, Тодор Мијаков-Кошот, Петре Ранготов, Владимир Брчков, Илчо Боров и многу други спортски ведети кои секогаш успешно го претставувале спортот“ – потенцираше Ќумбев за „ДУМА“.мк

