Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Тренерите на Вардар и Лозана на заедничка прес-конференција го најавија утрешниот дуел
    Фудбал

    Тренерите на Вардар и Лозана на заедничка прес-конференција го најавија утрешниот дуел

    risteBy riste23/07/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипите на Вардар и Лозана утревечер ќе го одиграат првиот натпревар од второто коло од Конференциската лига на УЕФА. Тренерот Гоце Седлоски им ја даде фаворитската улога на ривалот, но потенцира дека нашиот претставник нема да се предаде.

    „Лозана е добар противник, мора да биддеме свесни дека ни следи еден тежок меч и тешки први 90 минути. Се работи за доста квалитетна екипа која ланската сезона ја заврши на петтата позиција во Швајцарија, а знаеме каде оди швајцарскиот фудбал и како напредува. Се зависи од ривалот како ќе ни дозволи да играме, но знам дека секој што ќе излезе на терен ќе го даде максимумот за реваншот кој го имаме на гости за седум дена. Очекувам еден добар меч. Ние следевме како игра ривалот, знам и јас како се игра таму бидејќи сум играл во Австрија. Но, тоа ќе го оставам за мене, треба да одлучам како ќе се поставиме на теренот. Тешко беше да се игра во Сан Марино против еден бункер, но наша цел беше да минеме во следна рунда и успеавме во тоа. Не би давал прогнози, па нека победи оној кој е подобар.“, изјави Седлоски.

    На прес-конференцијата пред дуелот со Вардар говореше тренерот на Лозана, Петер Цајдлер кој истакна дека очекува динамичен меч, од она што го видел од Вардар досега, а фаворитската улога не ја прифаќа.

    „Се надевам дека ќе имаме добар меч. Во изминатите две недели го гледавме Вардар како игра, очекуваме силен тим. Јас сум Германец, во Швајцарија има доста Македонци што живеат и играат таму и така овие две земји се поврзани. Од тоа што го видовме на мечот во Сан Марино, очекуваме жестока игра со доста офанзива. Резултатот ќе го знаеме следната седмица по реваншот. Во екипата има доста голема волја и желба за игра, мотивацијата е на високо ниво, тоа ми дава гаранција за добар меч. Како и пред секој професионален меч, кажувам нема фаворит. Секој меч е различен. Имаме и реванш.“, изјави Цајдлер.

    Веднаш по прес-конференцијата фудбалерите на Вардар го одработија и последниот тренинг пред утрешниот натпревар.

    Натпреварот меѓу Вардар и Лозана се игра на Арената „Тодор Проески“ во четврток со почеток од 20:30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.