Во рамките на третиот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, младите кошаркари и ја донесоа втората победа на Македонија. Тие ја совладаа Германија во Баскет 3х3 со резултат 14:10.

Третиот ден го одбележа и стартот на натпреварите во маунтајн бајк во Куманово на кои победија Ларс Пирс од Белгија и Швајцарката, Јаел Клаусер. Во атлетиката во скок во височина златото му припадна на Гркот, Харалампос Алвизатос, во фрлање копје најдобар беше Финецот, Јере Пенти Филјами додека на 5 км брзо одење триумфираше, Италијанецот Николо Видал.
Во пливањето на 200 метри мешано најбрз беше Британецот, Остин Манли додека на 100 метри слободно победи Даниеле Фиорели од Италија.Во трката на 200 метри пеперутка триумфираше Арел Гултекин од а Турција а на 100 метри градно најбрза беше Унгарката Петра Пуза.
