Македонската натпреварувачка во таеквондо, Душица Бреслиева, остана без медал на четвртиот натпреварувачки ден на ЕМОФ Скопје 2025.
Taa загуби во четвртфиналната рунда од Карла Цесар од Шпанија. Бреслиева претходно ја забележа првата победа за Македонија во боречките спортови откако ја совлада Матеа Јакобсен од Норвешка а потоа и Украинката, Анастасија Хаиворонска.
Вчера двете македонските репрезентации доживеаја порази од Словенија во Баскет 3х3 додека нашиот кајакар, Кристијан Смилев, го освои осмото место во финалната трка во дисциплината К1-слалом во поединечна конкуренција.

