Во трката К1 –слалом на патеката Матка, златниот медал му припадна на Марек Кулчучки од Полска додека кај девојките триумфираше Барбора Ондрачкова (Чешка). Во категоријата C1, Лео Роје (Франција) и Патриција Иваниец (Полска) обезбедија златни медали.
Во бадминтон, Велика Британија славеше двојна победа преку Каљан Маној и Ишасрија Мекала. Во спортска гимнастика победи Франција додека во атлетика Закарија Диа од Франција стигна до златото во скок со стап а финалето на 800 метри му припадна на Андор Шуман од Германија.
На улиците на Куманово, беа реализирани друмските велосипедски трки. Ана Бонаси од Италија победи кај девојките Никлас Висмајр од Австрија го освои златото кај момчињата.

