Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Како помина резултатски вчерашниот натпреварувачки ден од ЕМОФ 2025
    Меѓународен микс

    Како помина резултатски вчерашниот натпреварувачки ден од ЕМОФ 2025

    risteBy riste26/07/2025No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денес е последниот натпреваривачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, македонските репрезентации и денес ќе имаат свои настапи, но што се донесува до вчерашниот предпоследен ден , тој помина во знакот на неколку претрпени порази во разигрувањето од 5 до 8 место во колективните спортови. 

    Нашите кошаркари загубија од Словенија со 57:87, додека кошаркарките беа поразени од истоимената селекција со убедливи 32:103. Момчињата утре ќе играат против Летонија за 7. место, додека девојките во борба за седмата позиција утре ќе се сретнат со Летонија.

    Младите ракометари минимално загубија од Португалија со 30:31 во плеј-оф фазата за борба од 5 до 8 место, додека ракометарките претпреа пораз од Португалките со 18:39. Во битка за седмото место, момчињата ќе играат утре против Норвешка, додека девојките ќе се борат за седмата позиција со Финска.

    Одбојкарите доживеаја пораз од Чешка со 0:3, додека младите македонски одбојкарки беа поразени од Германија со максимални 0:3. Во битка за седмата позиција, момчињата утре ќе ги одмерат силите со Финска, додека девојките ќе играат против Хрватска.

    Во рамките на атлетските натпревари на националната арена „Тодор Проески“ се одржаа некои од најочекуваните финалиња на фестивалот. Полина Џерожинска од Украина ја воодушеви публиката со фантастично фрлање од 71.50 метри, освојувајќи злато во дисциплината фрлање кладиво, додека Мина Хирсбруннер од Швајцарија доминираше во фрлање диск со 58.20 метри.

    Љубителите на тркачките дисциплини уживаа во возбудливата трка на 2000 метри со пречки во женска конкуренција, каде што Клементина Бајл од Белгија победи за само дел од секунда со време од 6:31.29. Финалињата во спринт донесоа уште повеќе адреналин – Маргарита Кастелани од Италија триумфираше во трката на 200 метри со 23.23 секунди, додека Нино Радосављевиќ Кушљиќ од Шведска доминираше на 200 метри со 21.09 секунди.

    Во салата за џудо, тензијата беше висока, а борбите интензивни. Србинката Александра Андриќ забележа убедлива победа во категоријата -70 кг (девојки), додека Мајус Генис од Литванија беше супериорен во финалето -90 кг. Франција доминираше во тешките категории, со златни медали од Ема Феје Нгимго (+70 кг, девојки) и тактичка победа на Даниел Чермак од Унгарија во категоријата +90 кг (машки).

    Во стрелаштво, финалето во дисциплината 10м воздушен пиштол – двојки беше крајно неизвесно, но тимот на Молдавија успеа да го совлада Азербејџан со 21:19. Во 10м воздушна пушка – двојки, НОК Белорусија за нијанса беше подобра од Унгарија со 21–20, во еден од најдраматичните моменти на денот.

    Олимпискиот базен во Скопје беше сцена на тесни победи и национални прослави. Лука Маринеску од Романија прв доплива во трката на 200м слободно (машки), додека Изабел Наѓ Бенедек од Унгарија триумфираше на 100м градно (девојки). Максим Малишка од Белорусија беше најдобар на 100м градно во машка конкуренција, а Шпанката Ирене Сиерколес Галве настапи одлично на 100м грбно. Во последната трка за денот, Макар Јахно од Украина го освои своето второ одличје на фестивалот во дисциплината 400м мешано со време од 4:31.25.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.