Барселона постигна целосен договор за продолжување на договорот со дефанзивецот Жил Кунде. По неколку неделни преговори, каталонскиот клуб е блиску до финализирање на нов договор што ќе го обврзува 26-годишниот Французин до 2030 година, објавуваат шпанските медиуми.
Продолжувањето на договорот на Кунде е поставено како приоритет за Барселона во 2025 година, поради зголемениот интерес за играчот од англиските гиганти.
Првично, Челзи и Арсенал беа заинтересирани, а во последните недели Манчестер Сити исто така се распрашувал за дефанзивецот. Сепак, Барса покажа решителност за да го задржи францускиот репрезентативец.
Според Фабрицио Романо, двете страни веќе постигнале целосен договор и се очекува документите да бидат потпишани следната недела, откако тимот ќе се врати од Јужна Кореја.
Новиот договор ќе вклучува и зголемување на платата на Жил Кунде. Французинот, чиј тековен договор со Барселона истекува во 2027 година, Барселона го смета за најдобар десен бек во светот.
Тој започна 29 од 38 натпревари во Ла Лига минатата сезона и беше клучен дел од одбраната на Ханзи Флик на патот кон титулата.

