Познатиот македонски фудбалски тренер Ѓоко Хаџиевски кој од неодамна е на чело на бугарскиот тим Спартак Варна одлули да му верува на својот внук и напаѓач Георг Стојановски и го донесе во нападот на својата екипа. Дваесетедногодишниот фудбалер ќе работи под водство на својот дедо.
Стојановски доаѓа од редовите на Шкупи, а фудбалски се развиваше во академијата на Вардар. Во својата кариера има настапувано и за Тетекс, Работнички, како и за екипата на Хата од Обединетите Арапски Емирати.
Во Спартак Варна, Георг Стојановски ќе игра во нападот заедно со бугарскиот напаѓач Даниел Халачев.

