Крилниот напаѓа на Ливерпул, Луис Дијаз, е на чекор до трансфер во германскиот состав Баерн Минхен, велат последните информации од Англија.
28-годишниот фудбалер инсистира да замине во Бундес-лигата а целиот трансфер треба да биде околу 75 милиони евра со вклучени бонуси. Дијаз ќе потпише со Баварците за 4 сезони и ќе заработува речиси 14 милиони евра годишно.
Тој во претходната сезона имаше 17 голови и 8 асистенции на 50 натпревари во дресот на „црвените“.

